НБА ги доби идните ѕвезди, Пистонс со првиот пик одбра опасен плејмејкер

Детроит пистонс првпат од 1970 година бираа први на драфтот, а изборот се падна на плејмејкерот од Оклахома стејт каубојс, Кејд Канинхем.

Во него се гледа новиот лидер на оваа франшиза, а Канинхем во Детроит доаѓа со реноме на опасен поентер, кој минатата сезона во НЦАА-лигата бележеше просек од 20,1 поени, 6,2 скока и 3,5 асистенции по натпревар.

Хјустон го одбра Џејлен Грин, додека трет пик на драфтот беше Еван Моубли на Кливленд кавалирс. Изненадување приреди Торонто со четвртиот пик и изборот на Скоти Барнс, а Орландо се одлучи за Џејлен Сагс.

- Оглас -

Најнови вести