НБА ја одреди казната за „пиштолџијата“ Морант, но ќе ја објави по завршување на финалето

Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, изјави дека веќе ја одреди казната за ѕвездата на Мемфис гризлис, Џа Морант, поради неговите инциденти и испади во јавноста изминатите неколку месеци.

По казната од Мемфис, Морант го очекува казна и од НБА-лигата, но таа ќе биде позната по завршување на големото финале во кое играат Денвер нагетс и Мајами хит.

„При носењето на одлуката е земена в предвид целата историја на кошаркарот, како и сериозноста на инцидентите. Откривме голема количина на нови, дополнителни информации, но не би било фер кон финалистите, сега да ја објавиме нашата одлука. Сезоната за Морант е завршена, клубот веќе го суспендира на неодредено време, па ништо не менува ако нашата одлука ја соопштиме за неколку недели“, изјави Морант.

Кошаркарот изминатите месеци во два наврати, на социјалните мрежи објави видеа на кои во раката има пиштол, а исто така направи уште неколку инциденти, кои го натераа неговиот тим да го суспендира.

Морант, во март годинава беше суспендиран на осум натпревари откако на социјалните мрежи се снимаше како мавта со пиштол во ноќен клуб во Колорадо, а два месеци подоцна повторно се снимаше со пиштол со раката.

Медиумите во САД шпекулираат дека Морант ќе биде суспендиран на најмалку 25 натпревари, како и дека нема да биде изненадување доколку ја пропушти целата идна сезона.

- Оглас -

Најнови вести