НБА како балканска кафана: Дончиќ го пречека Јокиќ со српска музика (Видео)

Дуелот на балканските кошаркарски ѕвезди Лука Дончиќ и Никола Јокиќ беше во фокусот на последните мечеви во НБА-лигата. Далас на свој терен го победи Денвер, а токму Дончиќ и Јокиќ беа најдобри на теренот.

Лука заврши со 21 поени, 15 асистенции и осум скока, што беше доволно за победа, а на Јокиќ му е утешна награда тоа што беше прв стрелец на дуелот со 27 поени, а имаше и 16 скокови.

Сепак, Дончиќ се погрижи да биде добар домаќин на Јокиќ, па пред мечот, во салата во Далас ечеше српскиот хит „Зицер“ од Оља Карлеуша, една од омилените песни на Никола, кој може цела песна да ја испее напамет.

- Оглас -

Најнови вести