НБА лига: 16 играчи позитивни на ковид-19

НБА лигата потврди 16 позитивни случаи на ковид-19 меѓу кошаркарите кои треба да учествуваат во завршницата од сезоната. Вкупно 302 тестови беа направени претходно денес, а заразените веќе се ставени во самоизолација според протоколот и нивната ситуација ќе се следвите во наредните денови.

„Секој играч кој е позитивен на корона-вирус ќе остане во самоизолација додека не ги задоволи мерките според протоколот“, стои во соопштението на НБА лигата.

Редовните тестирања се дел од подготовките за продолжување на прекинатата сезона 2019/20 која треба да продолжи на 31 јули со скратен формат.

- Оглас -

Најнови вести