НБА, НХЛ и Отвореното првенство на Австралија на полноќното мени

8373 Феникс санс – Милвоки бакс (04.00 часот)

Двете екипи се во налет, Сонцата имаат шест победи на последните седум меча, додека Елените имаат пет победи по ред. Последното гостување на Милвоки во Феникс донесе спектакуларен натпревар со 271 поен. Според квотите, гостите се фаворити, завчера победија во Денвер, но ние би типувале на изненадување и триумф на Санс. Во нивните меѓусебни дуели во последните две-три сезони домашниот терен се покажува како предност.

Предлог тип: 1 (2.60)

 

8371 Денвер нагетс – Кливленд кавалирс (03.00 часот)

Дуел на два тима кои се во резултатска криза. Денвер има три, а Кливленд четири порази едноподруго, па за едниот тим ќе заврши црната серија. Во минатата сезона, Кавалирс двапати го победи Нагетс, сега ситуацијата е малку поинаква, покрај тоа Коњаниците од 8 јануари немаат гостинска победа. Двата тима имаат лоша одбрана, па статистички тука мора да има многу поени, а може да се типува и на некои поединци како Јокиќ од Денвер или Секстон од Кливленд.

Предлог тип: >217.50 (1.68)

 

8332 Монтреал канадиенс – Торонто мејпл лифс (01.30 часот)

Големите канадски ривали сезонава се борат за првото место во Северната дивизија. Ако победи Монтреал, двата тима ќе се изедначат на чело на табелата. Торонто има три победи по ред, сите против Ванкувер, но Мејпл лифс имаат и неколку повредени играчи. На 14 јануари, кога играа во Торонто, Ловоровите листови победија со 5-4 по продолжение. Од последните шест дуели на овие тимови во Монтреал, три завршувале нерешено во регуларниот дел.

Предлог тип: >5.50 (1.60)

 

7163 К. Хачанов – Р. Беранкис (02.30 часот)

Русинот е 20-ти носител на Отвореното првенство на Австралија и барем на хартија не би требало да киксира против Литванецот, кој е 73-ти на светската АТП ранг-листа. Но, Хачанов во првото коло загуби еден сет во дуелот со Вукиќ, играше повеќе од три часа пред конечно да прослави победа. Беранкис беше убедлив против Нагал, но и тој не блескаше. Хачанов победи во два сета кога се сретнаа за последен пат во февруари 2018 година, а овојпат типуваме дека во првиот сет ќе има надмудрување и барем десет гејма.

Предлог тип: 1. сет >9.50 п. (1.85)

 

7207 С. Циципас – Т. Кокинакис (04.00 часот)

Ова е дуел на двајца Грци, со тоа што Кокинас настапува под знамето на родната Австралија. Циципас е фаворит, тој е шести на светот и амбицијата му е да стигне далеку на турнирот, второто коло не би смеело да биде непремостлива пречка за него. Кокинакис е 267-ми на АТП-листата, во првото коло убедливо со 3-0 го победи Кореецот Сонву, кој е многу подобро рангиран од него, но Циципас е друго ниво. Гркот на стартот со 3-0 го растури Жил Симон, а и овојпат не би требало да загуби сет.

Предлог тип: 3:0 (1.60)

- Оглас -

Најнови вести