НБА-поддршка за „старата дама“, Вучевиќ стиска палци за Јувентус

Никола Вучевиќ е голем навивач на Јувентус и верува дека „старата дама“ ќе ги мине сите искушенија во Лигата на шампионите и ќе стигне до трофејот во луксузното натпреварување.

На „Твитер“ објави фотографија со својот син со порака: Подготвени сме, форца Јуве.

Вучевиќ има извонредна сезона во НБА и е еден од најдобрите центри во најсилната кошаркарска лига на светот, а играше и на Ол-стар мечот во Шарлот.

Јувентус веќе го почна првиот меч од осминафиналната рунда во дербито со Атлетико Мадрид  вечерва од 21 часот, на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести