НБА подготвува револуција за 2021 година – ќе нема источно и западно финале?!

На 75-годишнината од постоењето на НБА лигата, а тоа е во сезоната 2021/2022, системот за натпреварување во НБА би можел да претрпи огромни промени.

Најавите од Северна Америка се дека регуларната сезона ќе се скрати од 82 на 78 меча, ќе се воведе куп среде сезона, а ќе има и реорганизација во самите конференции околу тоа како ќе се влегува во плејофот. Комесарот Адам Силвер одамна се обидува да ги воведе овие новини, а во април ќе се знае дали тие ќе стапат во сила.

Тој нов куп би се играл некаде во ноември околу Денот на благодарноста и во него би учествувале осум тима.

Најинтересната промена е што во плејофот директно би влегле првите 6 од секоја конференција, а седмата и осмата екипа би разигрувале за едно место. Поразениот ќе треба да игра и со деветтиот и десеттиот. Ќе има и укинување на конференциско финале како во женската ВНБА, што значи дека од 2022 натаму, би можеле да гледаме големо финале помеѓу два тима од истокот или два тима од западот.

- Оглас -

Најнови вести