НБА покрена истрага против Далас маверикс за намерно губење на натпревар

НБА лигата покрена истрага против Далас маверикс, и ќе се испитува дали клубот намерно го загубил натпреварот против Чикаго булс, со што се здобил со поповолна позиција за претстојниот драфт.

Иако уште имаа теоретски шанси да играат плеј-ин, Дивите телиња ги одморија своите ѕвезди на дуелот со Биковите, и тоа е повод за сомнежи дека причината е таканаречено „тенкирање“.

Далас беше петти на Западот кога го донесоа Кајри Ирвинг, тогаш се палеа дека конечно дошла помош за Лука Дончиќ и дека може да ја освојат и титулата, но се случи обратното, тимот тонеше, редеше порази и не е ни меѓу првите десет во својата конференција.

- Оглас -

Најнови вести