НБА прави голем чекор кон враќање на кошаркарските возбудувања

Најсилната кошаркарска лига во светот НБА реши да го преземе првиот конкретен чекор за нормализирање и враќање на активностите. Речиси по два месеци најавено е од утре да се отворат вратите на салите во НБА, а кошаркарите ќе може да започнат со тренинзи.

Сепак, бројот на играчи на теренот ќе биде ограничен и сите ќе мора да носат заштитни маски кога нема да бидат во активен физички тренажен процес.

Од НБА има и детални упатства за чистење и дезинфекција на целата опрема, а во салата ќе може да има максимум шестмина асистенти или лични тренери. Први кои треба да се појават на тренинзи се играчите на Кливленд, Денвер и Портланд.

- Оглас -

Најнови вести