НБА сака еден натпревар да се игра на Балканот во кој Јанис, а не Јокиќ би бил главна ѕвезда

Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, откри дека постои можност во наредните години еден натпревар од претсезоната да се одржи во Грција.

Во НБА сметаат дека една од најголемите ѕвезди во лигата и еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Јанис Адетокумбо, заслужува да игра натпревар во претсезоната во родната Грција.

„Би сакале да направиме такво нешто, знам колку би му било важно тоа на Јанис. Ја видов и неговата мајка, и нејзе исто така би ѝ било важно нејзиниот син да игра натпревар во својата татковина. Ќе се обидеме да им ја исполниме желбата, но не е лесно да се преместат претсезонските натпревари надвор од САД, но свесни сме дека такво нешто би им значело и на Јанис и на неверојатните грчки навивачи“, изјави Силвер.

Јанис Адедокумбо е двократен освојувач на МВП признанието за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната, а во 2021 година со Милвоки бакс ја освои и шампионската титула.

Пред избивањето на пандемијата на корона-вирусот во 2019 година, НБА-екипите имаа искуство од играње претсезонски натпревари во Европа. Последниот натпревар на европско тло беше во 2016 година, кога Оклахома сити тандерс играше против Реал Мадрид и Барселона. Оваа година се играа претсезонски натпревари во Обединетите Арапски Емирати и Јапонија.

- Оглас -

Најнови вести