НБА се претвора во циркуз, сега секој може да постигне 40 поени

Една од најголемите кошаркарски ѕвезди на денешницата, Лука Дончиќ, уште кога пред пет години пристигна во НБА-лигата, ги шокира Американците кога изјави дека полесно му е да постигнува поени во НБА отколку во Евролигата. Во петте сезони кои Дончиќ ги помина во НБА постојано покажува дека е незадржлив за противниците и постигнува многу поени.

Не само Дончиќ, туку и други кошаркари делуваат незадржливо во НБА. Во направената анализа, во периодот од 23 декември до 2 јануари, дури 27-мина кошаркари во НБА успеале да постигнат 40+ поени.

Во овој период само Дончиќ успеа на три меча да постигне 40+ поени, а на 27 декември имаше неверојатен трипл-дабл со 60 поени, 21 скок и 10 асистенции против Њујорк.

Освен Дончиќ, во овој период и Џоел Ембид трипати даваше 40+ поени, а овој играч сезонава двапати ја надминуваше и границата од 50 поени на една средба. Леброн Џејмс на својот 38-ми роденден постигна 47 поени, а кулминација беше кога на 2 јануари, Донован Мичел стигна до 71 поени на една средба. Тој е само шести кошаркар во историјата на НБА со 70+ поени и најдобар скор по блескавата партија на Коби Брајант во 2006 година, кога даде 81 поени.

- Оглас -

Најнови вести