НБА натпреварите се вратија на сцена по Ол-старот – Типувајте кој ќе биде нов шампион (Фото)

НБА натпреварите продолжуваат по Ол-стар викендот во Атланта, а ноќеска има богата програма од 11 натпревари на кои можете да типувате во Sport Life, обложувалница која нуди и уште една интересна игра во богатиот спектар на игри поврзани со најсилната лига на светот.

Веќе можете да се обложувате и кој ќе биде новиот шампион на НБА, а распоредот на фаворити е интерсен во понудата на Sport Life. Актуелниот првак Лос Анџелес лејкерс веќе не е топ-фаворит според коефициентите и пред нив е дрим-тимот од Источната конференција.

Не е тешко да се погоди дека се работи за Бруклин нетс, екипа која набзрина ги собра четирите големи ѕвезди, Дурант, Ирвинг, Харден и Грифин и е прв фаворит за титулата.

Коефициентот во Sport Life дека Мрежичките ќе испишат историја и ќе ја освојат првата шампионска круна е 3.80. Лејкерс се веднаш зад нив со квота од 4.25 дека ќе ја одбранат круната, а потоа следат Јута џез, тимот со најдобар биланс моментно со коефициент од 6.00 и Лос Анџелес клиперс со 6.50 за титула.

Интересен е коефициентот од 65 за ланскиот финалист Мајами хит, а ако верувате дека прекланскиот шампион Торонто репторс може да освои нов пехар во НБА ќе си ги помножите парите со коефициент 75 во Sport Life.

Понуда има за сите 30 екипи што играат во НБА лигата, па можете да си најдете фаворит, или да одиграте за тимот за кој навивате во најсилната лига на светот.

- Оглас -

Најнови вести