НБА-шампионот за 2020 година веќе е познат! (Фото)

Дион Вејтерс од Лос Анџелес лејкерс е кошаркар кој ќе добие шампионски прстен за НБА-сезоната 2019/20, без разлика дали во големото финале ќе триумфираат Лејкерс или Мајами хит.

Вејтерс, кој е бек на Езерџиите, нема да освои сигурен прстен затоа што Лејкерс е фаворит во големото финале, туку поради друга причина.

Бекот на Лејкерс сезонава ја почна како член на Мајами хит, таму беше до февруари, но поради повреда, настапи само на три меча и има право на прстен ако Жешките ја освојат титулата. Вејтерс од Мајами беше трампан во Мемфис, но го ослободија од таму, па премина во Лејкерс.

Вејтерс нема ниеден настап во плејофот и може да освои титула само со десет одиграни мечеви сезонава.


- Оглас -

Најнови вести