Евролигашко шоу на Ларкин, бекот на Ефес одигра луд меч со 37 поени (Видео)

Шејн Ларкин го одигра мечот на кариерата и во дресот на Анадолу Ефес одигра симултанка со 37 поени против Барселона.

Бекот на турскиот тим го имаше на секој дел од теренот, успеваше и да ги блокира ударите на кошаркарите на Барса, а во нападот беше брилијантен.

Промаши само по еден удар за двојка и за тројка од седум обиди, а беше перфектен од линијата за слободни фрлања и погоди 7 од 7 удари.

За Ларкин ова е рекорд во Евролигата, а со него како лидер на паркетот Ефес ја декласира Барселона со 92:70.

Погледнете ја најефектната акција на мечот во режија на Ларкин.

- Оглас -

Најнови вести