НБА-специјал: Харден „плус“ во мајсторката против Оклахома

Хјустон рокетс и Оклахома сити тандер ноќеска (03 часот) ќе одлучуваат кој ќе биде противникот на ЛА лејкерс во западното полуфинале. По Денвер и Јута, овие две екипи исто така ќе играат мајсторка, во која Ракетите се фаворити како и во претходните шест меча.

Оклахома на чело со Крис Пол покажа дека може да се надигрува и да биде доста проблематична екипа, а токму во вакви клучни натпревари на виделина се појавуват големите кошаркари. Ако од Пол се очекува пак да ги води Грмотевиците со изненадување, тоа важи и за Харден, лидерот на Хјустон.

Брадата во шесте меча досега само еднаш не ја помина границата од 30 поени, просекот му е речиси 32 поени во оваа серија. Во Sport life границата за „плус“ на Харден е 34,5 поени со квота 1.90, додека 1.85 е коефициентот за Харден да не ја надмине споменатата граница.

Секако, во богатата понуда има уште 11-мина кошаркари од овој натпревар за типување во поени, скокови, асистенции или сите три статистики во едно.

Пред дуелот Хјустон – Оклахома, половина час по полноќ ќе се сретнат Милвоки и Мајами во вториот меч од полуфиналната серија на Истокот.

Таму Јанис Адетокумбо треба да го поправи впечатокот откако во поразот претходно реализира скромни 18 поени и не можеше да му парира на расположениот Батлер, кој реалзира 40 поени. Ѕвездите на Милвоки и Мајами исто така се во понудата на Sport Life, така што може да се направи одлична комбинација на кошаркари за потенцијален добитен тикет.

- Оглас -

Најнови вести