НБА судиите не се идеални, Дрејмонд Грин исклучен по грешка (Видео)

Ѕвездата на Голден стејт вориорс, Дрејмонд Грин, во иднина ќе мора повеќе да внимава како се однесува кон соиграчите бидејќи синоќа беше исклучен, додуша по грешка, поради реакција кон тимски колега, но судијата мислеше дека Грин му се дере нему, па му го покажа патот кон соблекуваната.

Грин се обиде да му објасни на судијата дека е недоразбирање и дека не му викал нему туку на соиграчот Џејмс Вајсмен, но судијата не сакаше ни да чуе и остана при одлуката да му покаже втора техничка и да го исклучи Грин од средбата со Њујорк никс. Сите од тимот на Вориорс беа збунети, се обидуваа да објаснат, но судијата не попушти.

Судиите ја признаа грешката, НБА-лигата ќе ја поништи втората техничка на Грин, но тоа не е утеха за Воините бидејќи загубија од Никс, а ако судијата не погрешеше и ако останеше Грин на теренот, шансите за победа ќе им беа поголеми.

- Оглас -

Најнови вести