НБА треба да продолжи, но само со 22 екипи, осум клуба веќе се предадоа

Од средината на март нема возбудувања во НБА-лигата во САД. Комесарот Адам Силвер во консултации со сите клубови се обидува да изнајде начин како да се продолжи сезоната. Досега беа преставени повеќе опции како можни планови за доигрување, но уште ниту еден не е прифатен.

Датумот 31 јули се споменува како најдобра опција за продолжување на НБА-лигата, а најверојатно првенството ќе го продолжат 22 од 30-те клуба. Планот на челниците на НБА е да продолжат оние 16 клубови кои се на места што водат во плеј-офот, како и да им се даде шанса на сите оние кои во еден таков план за доигрување би имале шанса да се изборат барем за осмото место, последно кое води во доигрувањето на титулата.

Во еден таков случај, освен 16-те клубови кои се на позиции за плјеофот, првенството ќе го продлжат уште и Њу Орлеанс, Портланд, Сакраменто, Феникс и Вашингтон.

Сите мечеви од сезоната би требало да се играат на Флорида во Дизниленд, а комплетниот формат би можел да биде познат уште утре.

- Оглас -

Најнови вести