НБА циркус – Немирна беше маскотата на Торонто, за казна седеше во ќош (Видео)

Феникс санс го победи Торонто репторс со 99:95 во меч што имаше и комични ситуации во финишот.

Сонцата водеа со еден поен разлика, 93:92 на шест и пол секунди до крајот кога беше фаулиран Девин Букер.

Ол-стар ѕвездата на Феникс се поажали кај судијата дека маскотата на Торонто му пречи при изведување на слободните фрлања, а токму симболот на Репторс беше единствениот фан на домаќините во празната сала.

Судијата одлучи да ја казни маскотата со тајм-аут во аголот на теренот, а Букер на мира ги погоди двете слободни фрлања.

Целата ситуација изгледаше многу смешно како дел од популарниот НБА циркус.

Резултати: Торонто – Феникс 95:99, Вашингтон – Оклахома 122:118, Чикаго – Детроит 133:87, Мемфис – Голден стејт 116:108, Њу Орлеанс – Минесота 128:125, Л.А. Клиперс – Денвер 87:85.

 

 

- Оглас -

Најнови вести