НБА-земјотрес во најава, Јанис се сели на Запад и ќе игра во нов супер тим?

Ѕвездата на Милвоки бакс и еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Јанис Адетокумбо, налето би можелo да побара трансфер и да се пресели во Западната конференција, тврди новинарот на ЕСПН, Брајан Виндхорст.

Според новинарот, Јанис е разочаран од Милвоки, кој иако го имаше најдобриот учинок во регуларниот дел од сезоната, испадна во првото коло од плејофот и наводно нема намера да го продолжи договорот со Елените. Со цел да не останат со празни раце, челниците на Милвоки, според Виндхорст, се подготвени да ги слушнат понудите за Јанис.

Два тима од Западната конференција се заинтересирани за ангажман на Адетокумбо, Портланд треjлблејзерс и Голден стејт вориорс.
Управата на Портланд сака да го донесе Јанис со цел да направи тандем со Демиен Лилард, кој е голем пријател со Гркот.

Но, многу поголеми адути во евентуалната размена имаат Воините, кои повторно би направиле супертим. Според првичните информации, челниците на Голден стејт, во замена за Јанис, во Милвоки би можеле да ги испратат Дрејмонд Грин, Ендрју Вигинс, Џонатан Куминга и два избора од драфтот оваа година и тој од 2025.

Доколку се реализира оваа размена, Воините повторно ќе креираат супер тим со Јанис, Стеф Кари и Клеј Томпсон, со што би станале апсолутни фаворити за титулата.

- Оглас -

Најнови вести