НБА-ѕвездата ги загрижи сите со серијата мистериозни објави и збогувања од најмилите!

Кошаркарот на Мемфис гризлис, Џа Морант, постираше неколку „сторија“ на својот инстаграм-профил, на коишто имаше истакнато фотографии со пораки во кои се збогува од најмилите. НБА-ѕвездата објави фотографии со мајка му, татко му и неговата ќерка и во сите „сториња“ се простува од нив. На последното „стори“ пораката му е „довидување“.

https://twitter.com/i/status/1661351153605705728

Кратко по објавувањата на овие фотографии, Морант ги избриша пораките од социјалната мрежа, но остана загриженоста, што беше поентата на кошаркарот за вакви пораки.

Во изминативе неколку месеци, Морант имаше проблеми со законот откако неколку пати беше фатен со пиштол. Во март беше суспендиран на осум средби, а пред 10-тина дена, кога повторно беше дел од ист инцидент, клубот го суспендира на неодредено.

Морант сезонава играше одлично и имаше просек од 26 поени по меч, осум асистенции и шест скока. Неговиот тим беше поразен во првото коло од плејофот од Лос Анџелес лејкерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести