НБА-ѕвездите Хауард, Грин, Дончиќ, Ирвин… летово се смалиле за неколку сантиметри

Претсезонските натпревари во НБА-лигата започнаа и најавија дека следува возбудлива сезона. Челниците на НБА од оваа сезона воведоа едно ново правило. Сите играчи мора да одат на мерење на висината, за да се добијат официјални податоци.

Дел од играчите веќе го завршија мерењето, а резултатите се чудни. Повеќе ѕвезди имаат помала висина од таа што ја имаа наведено како официјална сè до нивното најново мерење. Играчот на Голден стејт, Драмонд Грин од досегашните 201 сантиметар е паднат на 195 сантиметри. И некогаш најдоминантниот центар во лигата, Двајт Хауард не е висок 211 сантиметри, туку е 5 сантиметри понизок, односно 206 см.

И Џими Батлер загубил пет сантиметри во висина, па тој всушност е висок 198 сантиметри. Меѓу оние коишто имаат помала висина од наведената се и: Лука Дончиќ, Џоел Ембид, Дерик Роуз, Кајл Ирвин…

Освен ситуациите каде што играчите правеле да изгледаат повисоко, има и такви кога на мерењето се открило дека тие се повисоки од наведената височина. Српскиот репрезентативец и центар на Далас, Боби Марјановиќ имаше наведено дека е висок 222 см., а всушност е еден сантиметар повисок, односно е 223 см. На мерењето „порасна“ и Кевин Дурант. Тој се претставуваше како крилен играч од 206 сантиметри, а всушност е висок 208 сантиметри.

Во продолжение на претсезонските мечеви ќе продолжи и мерењето на останатите играчи во НБА-лигата.

- Оглас -

Најнови вести