Не беше добар за во Арсенал и ВБА, а во Баерн стана играч на сезоната

Серж Гнабри имаше блескава сезона во дресот на Баерн Минхен и поради тоа заслужено беше избран за најдобар фудбалер на германскиот првак во Бундеслигата. Тој одигра 42 меча во сите натпреварувања и даде 13 голови, а имаше и девет асистенции. Едноставно се покажа дека Гнабри беше вистинско засилување од тимот на Хофенхајм каде играше како позајмен играч.

Германските медиуми открија една интересна приказна околу кариерата на Гнабри. Крилниот играч бил во младинската школа на Арсенал, а „топчиите“ не го сметале за некој голем талент. Затоа го дале под наем во Вест Бромвич Албион за сезоната 2015/16. Тогашниот тренер на ВБА, Тони Пулис рекол дека Гнабри не е талентиран играч и дека неговото доведување било грешка.

Арсенал го продаде во 2016 година на Вердер, а по една сезона во овој клуб, прави трансфер во Баерн Минхен. Германскиот гигант го даде на позајмица во Хофенхајм, а кога го врати во своите редови, едноставно имаа готов играч.

Сепак, само четири години откако беше прогласен за неталентиран во Англија, овој играч е избран за најдобар во шампионот на Бундеслигата, а стана и германски репрезентативец. Во дресот на националниот тим, во 9 меча, има постигнато осум погодоци, што само уште еднаш се потврдува квалитетот на овој 23-годишен играч.

 

- Оглас -

Најнови вести