Не беше нокаутиран од 2013 година, па на брутален начин се потсети како изгледа тоа (Видео)

Во Сингапур се судрија две легенди за инаугуративната светска титула во кикбокс во перолесна категорија, а финишот беше спектакуларен, Тајланѓанецот Супербон Банчамек го нокаутираше Италијанецот со ерменско потекло, Џорџо Петросјан.

Петросјан кој има 35 години и го сметаа за најдобар на светот во својата категорија, загуби после серија од 19 победи по ред, а не бил нокаутиран уште од 2013 година. Но, овојпат претрпе пораз за паметење со еден од најатрактивните нокаути кои се видени годинава.

Погледнете го страшниот нокаут:

https://twitter.com/i/status/1449027434280415233

- Оглас -

Најнови вести