Не беше со 7+ голови, но кога Меси е разигран, и Мингеса дојде на ред да погоди (Видео)

Барселона со 4-1 ја победи Уеска, и дојде на четири бода зад лидерот Атлетико Мадрид. Лионел Меси кој се изедначи со Чави по бројот на мечеви за Барса, беше инспиратор на победата со два гола и една асистенција. Еврогол постигна и Антоан Гриезман, а во листата на стрелците за првпат се запиша и Мингеса кој даде гол со глава по нафрлувањето на Меси од корнер.

Мингеса е 19-тиот различен играч на Барселона кој даде гол оваа сезона. Уеска на претходните две гостувања на „Камп Ноу“ примаше по осум гола, овојпат си замина со „само“ четири.

https://twitter.com/i/status/1371572357555445763

- Оглас -

Најнови вести