Не беше важно кој ќе ја освои пол-позицијата, туку што ќе направи Фетел

Актуелниот Формула 1 првак, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата во Абу Даби, каде утре се вози последната трка годинава, но во центарот на вниманието беше пилотот на Астон Мартин, Себастијан Фетел.

Германецот кој од 2010 до 2013 година ги освојуваше титулите во Ф1, последен пат возеше официјални квалификации, а утре ќе ја отпее „лебедовата песна“ и ја завршува кариерата.

Фетел кој имаше 57 пол-позиции во кариерата, утре ќе стартува од деветтата позиција, а во првиот ред покрај Ферстапен ќе биде неговиот тимски колега Серхио Перез, по што следуваат вете Ферарија и двата Мерцедеси.

- Оглас -

Најнови вести