Не бидете сигурни дека Палмеирас ќе го победи Ботафого

Палмеирас – Ботафого (Фудбал, Бразил, 02.00 часот)

Квотата за единица е мала, но не треба да бидете сигурни оти домашните ќе победат. Имаат играчи кои се повредени, меѓу нив и Луиз Адријано, Фелипе Мело и Вилијан се суспендирани, а имаат и двајца (бразилскиот голман Вевертон и дефанзивецот Гомес од Парагвај) кои не се во тимот поради обврски во своите репрезентации. Палмеирас е трети на табелата со осум бода зад лидерот Фламенго, а во последните три кола освои само два бода. Ботафого на последните три гостувања кај Палмеирас, не даде гол.

Предлог тип: 2-3 гола (2.02)

 

Доминиканска република – Санта Лусија (Фудбал, Лига на нации КОНКАКАФ, 00.00 часот)

Ова е меч од Лига Б на Лигата на нации во Средна Америка. Доминиканците во првите две кола имаа по една победа и пораз, а Санта Лусија има по едно реми и пораз. Во таа група има голема изедначеност и секој победува секого, па и овојпат сите опции се во игра, иако квотите го фаворизираат домаќинот. Санта Лусија 13 месеци нема победа на гости, а последниот дуел со Доминикана го имаа пред пет години.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.91)

 

Бостон бруинс – Њу Џерси девилс (Хокеј, НХЛ лига, 01.00 часот)

Бостон тргна со три победи, но беше запрен во Колорадо. Њу Џерси уште нема победа, ги загуби сите четири меча, од кои два по продолжение. На 26 септември, „ѓаволите“ гостуваа во „ТД Гарден“ и загубија со 0-2, а Девилс не даде гол во Бостон ниту кога гостуваше во март. Пред тоа, нивните меѓусебни дуели беа ефикасни со пет или повеќе голови.

Предлог тип: < 5.50 (2.15)

 

Детроит ред вингс – Торонто мејпл лифс (Хокеј, НХЛ лига, 01.00 часот)

Историски, ова е големо дерби на два клуба кои заедно повеќе од 20 пати освојувале титули, но Канаѓаните повеќе од 50 години не биле прваци, а Детроит последниот Стенли куп го зеде во 2008 година. Црвените крила имаат три победи и еден пораз, и навидум се наоѓаат во нешто подобра форма. Пред две недели, Торонто го растури Детроит со 5-0. Сега Ред Вингс ќе бара реванш. Детроит една година не го победил Торонто, а тоа се шест меча по ред, од кои четири беа решени со златен гол.

Предлог тип: 1Х (2.00)

 

Далас старс – Вашингтон капиталс (Хокеј, НХЛ лига, 02.00 часот)

И едните и другите не ја стартуваа сезоната како што посакуваа. Старс има само една победа, а и таа во продолжение, додека Овечкин и другарите се во црна серија од три порази по ред, од кои два беа со златен гол. Далас има и многу повредени играчи. Последните три дуели на овие тимови во Далас завршија нерешено, па се играше екстра период. Тимот од главниот град на САД, никогаш не победил во Далас во регуларен тек, но традицијата постои за да биде урната.

Предлог тип: >4.50 (1.55)

- Оглас -

Најнови вести