Нè чекаат дуели со Франција и Србија – Чолаковски, Рустемовски и Божиновски ќе дебитираат за младата репрезентација

Младата македонска репрезентација ќе биде засилена со три одлични фудбалери што играат во странство за квалификациските дуели против Франција во Ле Ман и со Србија во Охрид во септемврискиот циклус на натпревари.

Стефан Чолаковски и Метју Божиновски треба да допатуваат од Мелбурн, а повторно дресот со националните бои во младите категории ќе го носи и екстра талентираниот Амел Рустемовски, кој игра за Вил од Швајцарија.

Тоа се трите нови имиња на списокот на селекторот Драган Канатларовски што го објави денеска за гостувањето во Ле Ман на 2 септември против Франција и за дуелот со Србија во Охрид на 7 септември.

„Се надевам дека најпрвин квалитетно ќе ги одработиме подготовките, сите ќе бидат здрави и ќе се борат за место во почетниот состав. Најважно за мене е сите да бидеме во функција на тимот. Очекуваме дека новоповиканите фудбалери Божиновски, Чолаковски и Рустемовски ќе им дадат дополнителен импулс на тренинзите и натпреварите и како и сите останати, да го дадат својот максимумот и да се бориме за позитивен резултат на воведните два натпревари“, вели Канатларовски.

Собирот на младите репрезентативци е закажан за во недела, на 29 август, кога ќе се одржи и првиот тренинг од мини-подготовките за двата натпревари во септември.

Еве го комплетниот список на младата селекција на Македонија за играчи до 21 година:

ГолманиДавид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Академија Пандев), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П. 1932);

ОдбранаФилип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Пелистер), Метју Божиновски (Мелбурн Виктори, Австралија), Марио Младеновски (Ботев Пловдив, Бугарија), Бесник Ферати (Академија Пандев), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Јован Манев (Брегалница);

СрединаАгон Елези (Вараждин, Хрватска), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Димитар Тодоровски (Работнички), Методи Максимов (Работнички), Емир Скендери (Струга Трим Љум), Лука Трајковски (Борец);

НападСтефан Чолаковски (Мелбурн Сити, Австралија), Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија)

 

 

- Оглас -

Најнови вести