Не доби покана за Копа Америка, па замина да работи на нива (Видео)

Дефанзивецот на Ривер плата, Роберт Рохас, откако не се најде на списокот патници за Копа Америка во парагвајската репрезентација, реши да се врати дома во Консепсион (450 километри од главниот град Асунсион), и слободното време наместо некаде на море или океан, да го мине со вујко му, работејќи на нива.

Рохас кој е роден во 1996 година, игра за голем клуб, заработува доволно пари, има прекар „платен убиец“, но не се срами од своето потекло, па дури и се снимаше како работи на нивата, поточно бере маниока, егзотична билка која расте во Јужна Америка.

„Ова е мој одмор. Сакам да му помагам на вујко ми, на моето семејство“ – рече Рохас кој сезонава имаше девет настапи и се надева дека во следната сезона ќе игра повеќе, па ќе се најде и во националниот тим на Парагвај.

- Оглас -

Најнови вести