Не е како татко му, синот на Холифилд брутално нокаутиран, тресна со лицето на земја (Видео)

Иван Холифилд, кој е син на славниот некогашен боксерски шампион Ивандер Холифилд, очигледно дека треба „уште многу фурни леб да изеде“ за да дојде до нивото на татко му во рингот.

Младиот Холифилд кој важеше за фаворит во борбата, претрпе брутален нокаут од Џермејн Мекдоналд на настанот во „Форум“ (сала во која порано ЛА Лејкерс играше како домаќин во НБА лигата) во Инглвуд, Калифорнија. По ударот што го доби, со лицето падна на земја, а иако проба да стане, судијата ја прекина борбата.

Инаку, Мекдоналд не е професионален боксер, преку ден работи како електричар. Иван Холифилд има 24 години, а ова му беше прв пораз во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести