Не е лошо за нас – УЕФА одлучи да примени важно правило на Европското првенство

УЕФА одлучи да го применува правилото за пет измени и на Европското првенство што ќе се игра од 11. јуни до 11. јули и е историско и прво за Македонија.

Правилото кое се воведе во услови на пандемијата со Ковид-19 е важечко и во актуелните квалификации за настап на Мундијалот во Катар, па УЕФА реши да ја прошири примената и за ЕП.

Тоа е добро за Македонија, која е дебитант и има загарантирани три меча во фазата по групи во кус рок од 8 дена. Ќе дебитираме на големите натпреварувања со дуел против Австрија на 13. јуни во Букурешт, а томанската национална арена ќе ни биде домаќин и за вториот меч на првенството, против Украина на 17. јуни.

Првата фаза по групи ќе ја завршиме со мега-дуел против Холандија, на 21. јуни на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам.

„Причините за воведување на прваилото за пет замени на ист меч се оправдани и де покажаа како добри во услови на поандемијата, па ќе бидат применети и на Европското првенство. Тие ќе важат и на натпреварите од Лигата на нациите“, објаснуваат од УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести