Не е ни асистенција, ама изгледа одлично – Фоден го има најинтересното додавање во јануари (Видео)

Фил Фоден го има најубавото додавање во месец јануари, иако не му се смета ниту за асистенција при вториот гол на Бернардо Силва за Манчестер сити на куп-дуелот со Бирмингем.

Младиот талент на Сити и на Англија упати пас со чуден фелш до Кевин Де Бројне, а Белгиецот ја продолжи акцијата со асистенција до Силва.

Португалецот ги постигна првите два гола за фаворитот, а потоа и самио Фоден се запиша во листата на стрелците, во 33. минута за 3:0.

- Оглас -

Најнови вести