Не е никаква шега, Ред Бул го пречекорил буџетот поради пијалоци и храна

Формула 1 тимот на Ред Бул минатата недела заработи казна од 7 милиони долари бидејќи го пречекорил дозволениот буџет воведен од страна на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), а шефот на австрискиот тим Кристијан Хорнер откри дека причина за казната е кетерингот!

Хорнер тврди дека во Ред Бул „претерале“ со храната и пијалоците.

„Кетерингот во Ред Бул отсекогаш се сметал за нешто што е однапред обезбедено во нашата групација и тоа е придобивката од работењето во Ред Бул. Бесплатна храна и бесплатни пијалоци секогаш има кај нас и ние тоа го сметавме како трошок што не влегува во буџетот. Но, ФИА на тоа гледа поинаку и ни рече дека храната е вклучена во годишниот буџет. Така, ние потрошивме 1,4 милиони фунти за храна, пијалоци и кафиња“, изјави Кристијан Хорнер.

Шефот на Ред Бул тврди дека освен кетерингот, уште неколку ставки биле причината за надминувањето на дозволениот буџет за три милиони фунти кои тие и во иднина ќе продолжат да ги плаќаат на своите вработени.

„Отсекогаш сме се грижеле за здравјето на нашите луѓе. На членовите на тимот кои долго време беа болни, ние им ги плативме сметките за лекување, и ќе продолжиме и во иднина да ги подржуваме бидејќи се дел од семејството“, додаде Хорнер.

- Оглас -

Најнови вести