Не е се мазно и во Англија – Нема пари, нема ниту меч меѓу Болтон и Брентфорд

Играчите на Болтон штрајкуваат, клубот им должи пари за плати, па денеска мечот со Брентфорд нема да се игра. Чудно за англиски прилики и за втората по квалитет лига на Островот, но вистината е дека на фудбалерите на Болтон им се должат плати.

Веднаш реагираа од раководството на Лигата и ЕФЛ даде налог мечот да биде одложен. Не е познато кога и дали ќе се игра, а одлуката беше полесна, бидејќи мечот нема резултатско значење ниту за опстанокот на Болтон, ниту за евентуален пласман во баражот на Брентфорд.

Болтон е в еќе испаднат од Чемпионшип, а сега може да се соочи и со подрастична казна, евентуално и со административна забрана и преселба во еден од пониските рангови од Лига 1, каде терба да играат идната сезона.

Брентфорд ги загуби шансите за настап во баражот што гарантира едно место во Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести