Не е шега, Меси одлучил веднаш да ја напушти Барселона, не во 2021 година!

Лионел Меси сака да ја напушти Барселона и тоа не следното лето кога му истекува договорот, туку уште ова лето. Тој за својата одлука го информирал и раководството на клубот, тврди добро информираниот новинар Марсело Бехлер, кој пред три години прв објави и дека Нејмар ќе направи трансфер од Барса во Пари Сен Жермен.

Меси е на одмор и според многу шпекулации, размислува да си оди од Барса. За него интерес има од Интер Милано и Манчестер сити, па останува да се види дали ќе се случи сензационален трансфер на фудбалерот, за кој се мислеше дека цела кариера ќе ја мине во истиот клуб во кој има статус на икона и во кој стана еден од најдобрите во историјата.

Раководството на Барселона утре треба да има состанок на кој ќе го разреши тренерот Кике Сетјен, но изгледа ќе имаат проблем да го задржат Меси и новиот тренер ќе има многу тешка задача да изгради нов тим кој нема да се врти околу Аргентинецот, се разбира, ако Меси навистина си замине.

Можеби најавата дека сака да си замине е само негов притисок кон претседателот Бертомеу да си даде оставка. Ако остане Бертомеу на чело на клубот, Меси ќе си оди, и тоа бесплатно во јануари доколку летово не биде продаден.

- Оглас -

Најнови вести