Не е скапо за шампион на Европа – Билети од 350 и 400 денари за дуелот меѓу Вардар и Порто

Вардар ги пушти во продажба билетите за мечот со Порто во Лигата на шампионите по цена од 350 и 400 денари. Во недела, во 17 часот актуелниот европски првак ќе му биде домаќин на португалскиот тим во салата „Јане Сандански“.

Влезниците се по цена од 350 денари за трибина и по 400 денари за место во Блок А во салата. Можат да се купат на билетарата пред „Јане Сандански“ и преку редовниот провајдер „tiketplus.mk“.

Европските прваци стартуваа победнички и во новото издание на Лигата на шампионите, а го надиграа Монпелје на гостински терен со 33:31 во дуел на европските прваци во последните три сезони.

Вардар, потоа Монпелје, па повторно Вардар станаа европски прваци во последните три изданија на луксузното клупско ракометно натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести