Не е толку лошо, Нејмар ќе паузира само шест недели

Денеска се очекуваат добри вести за Нејмар и за Пари Сен Жермен, а извори блиски до клубот објавија дека паузата по повредата на Бразилецот нема да биде премногу долга и ќе изнесува само шест недели.

Се работи за полесна повреда на скочниот зглоб, иако во прв момент прогнозите беа многу полоши, дури и со најава дека сезоната е завршена за Нејмар.

https://twitter.com/hadrien_grenier/status/1465063688675766282?s=20

Ѕвездата на Пари Сен Жермен на незгоден начин згазна на ногата на противникот од Сент Етјен во финишот на мечот од француското првенство и го изврте скочниот зглоб.

Беше изнесен со носилка од теренот и најавите беа дека паузата ќе биде долга.

За денеска се најавени дополнителните прегледи, а прогнозата е дека Нејмар нема да игра околу еден и пол месец и ќе се врати на терен на почетокот на идната година.

https://twitter.com/Messi_10_30/status/1465029405164679182?s=20

Веднаш по повредата се огласи Нејмар, а добива поддршка од сите страни за побрзо враќање на терен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести