Пеле ги воодушеви сите со поддршка за Нејмар: Навивам за тебе, те очекувам на терен со нова фудбалска магија

Нејмар доживеа тешка повреда на дуелот меѓу Сент Етјен и Пари Сен Жермен и може да ја пропушти цела сезона, а поддршка за бразилскиот ас стасува од сите страни.

Се огласи и самиот Нејмар со објава на социјалните мрежи во која вели дека со крената глава ќе се обиде што побрз да се врати на терен и да биде уште подобар.

Нејмар се повреди во финишот на мечот, во 84. минута кога се обиде да избегне лизгачки старт, но нагази на ногата на противникот и го повреди скочниот зглоб.

Се уште не се знае колку ќе паузира, но најпесимстичките прогнози се дека за него сезоната е завршена.

Веднаш се јави и легендарниот сонародник Пеле, со објава што ја воодушеви фуфбалската јавност.

„Знам колку си издржлив и жилав и знам дека ќе го прегрмиш и овој тежок период. Навивам од се срце за тебе и наскоро те очекувам со нива магија на терен“, е пораката од Пеле за Нејмар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести