Не е за верување: Погодил 7 точни резултати и добил 431.000 евра!

Неименуван обложувач од Ливерпул изминатиов викенд успеал да заработи дури 431.000 евра само со едно вложено евро, пренесуваат англиските медиуми. Обложувачот успеал да погоди СЕДУМ ТОЧНИ резултати на мечеви од европските лиги. На неверојатниот тикет имало средби од Англија, Италија, Португалија и Шведска.

Еден од најдраматичните мечеви е дуелот меѓу Спортинг Лисабон и Насионал, каде што е погоден точен резултат 2:0. До 83-тата минута беше 0:0, потоа Спортинг даде гол за водство, а вториот погодок е постигнат во 90+2 минута. Слична драма имало и на дуелот меѓу Интер и Кротоне, во која тимот на Антонио Конте успеа да го даде вториот гол во 90+2 минута за победа од 2:0.

„Откако ги погодив првите два меча, сфатив дека тикетот уште ми е во игра и почнав интензивно да ги следам останатите дуели. Не беше лесно да се следат средбите од цела Европа. Станував се понервозен. Имаше неколку мечеви на кои погодоците беа постигнати на крајот од средбите. Кога го погодив и седмиот меч, не можев да верувам. Неколку дена не можев да спијам. Ова е сума која го менува животот затоа што никогаш не можев да замислам дека ќе успеам да добијам толку пари“, изјавил среќниот добитник.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести