Во баражот не ги сакаме последните два европски шампиони, а само со нив немаме пораз на гости (Видео)

Интересна статистика има Македонија во дуелите со можните ривали на првиот бараж-меч за настап на Светското првнство во Катар, што ќе ни го одреди ждрепката на 26 ноември.

Сигурно ќе бидеме гости во полуфиналето, а општа констатација и желба е да ги избегнеме двата последни европски шампиони, Италија и Португалија.

Аѕурите се актуелни владетели на Стариот Континент, а пред нив беа Португалците и чудно, но вистинито, само од нив немаме порази на гостински терен.

Им гостувавме по еднаш, на Португалците во 2012 година и на пријателски меч одигравме без голови.

Против Италија во официјален меч за настап на претходното Светско првенство во Русија ремизиравме 1:1 на „Олимпискиот стадион“ во Торино.

Тој меч се играше во октомври 2017 година, а Аѕурите поведоа со голот на Џорџо Кјелини во 40-тата минута, а израмни Александар Трајковски во 77-мата минута.

Останатите можни ривали ни се: Полска, Русија, Шкотска и Велс и од сите имаме по еден пораз на гостински терен и без победа, само со едно реми против Храбрите срца.

Со Шкотска ремизиравме на „Хемпден парк“ во септември 2012 година во квалификациски меч за СП.

Николче Новески ни донесе водство со гол во 11-тата минута, а Кени Милер израмни во 43-тата минута за конечни 1:1.

Три години претходно, Храбрите срца не победија со 2:0 исто така во квалификациски меч, исто така на „Хемпден парк“ во Глазгов. Стрелци тогаш беа Скот Браун и Џејмс Мекфаден во второто полувреме.

Велс успеа да нè победи со 1:0 во единствениот меч на којшто им гостувавме на Змејовите во 2013 година.

Симон Чрч погоди во 67-мата минута за наш минимален пораз против ривал што сега може да ни биде противник во полуфиналниот бараж што ќе се игра на 24 март.

Полска беше поуспешна од нас во последниот квалификциски циклус за ЕП, а на гостувањето во Варшава на 13 октомври во 2019 година загубивме со 2:0.

Франковски и Милик во финишот на мечот погодија, но потоа, за среќа, Македонија успеа преку Лигата на нациите да се избори за настап на првото и историско за нас учество на ЕП.

Русите не победија во септември 2011 година со 1:0, со голот на Игор Семшов во 41-вата минута и тоа ни е единственото гостување против еден од шесте можни ривали во баражот за настап на Мундијалот во Катар.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести