Не го даваат тренерот кој им е вреден како злато

Аталанта е екипата која во последниве две-три години игра одлично. Тимот од Бергамо во минатата сезона беше блиску дури и до титулата во Серија А, а посебно добро одигра во Лигата на шампиони. Аталанта стигна до четвртфиналето во елитната лига на УЕФА, кога несреќно загуби од Пари Сен Жермен со два примени гола во финишот на дуелот.

Еден од најзаслужните за одличните резултати на Аталанта е тренерот Џанпјеро Гасперини. Стратегот кој го создаде овој тим, денеска доби нов подобар договор кој ќе го задржи во тимот од Бергамо до 2023 година. И во новата сезона Аталанта ќе игра во Лигата на шампиони, а цел во првенството на Италија им е повторно да бидат во Топ 4 на табелата.

Во првиот меч од новата сезона во Калчото, Аталанта ќе гостува кај Торино на 26 септември.

- Оглас -

Најнови вести