Не го освои Скудетото, но останува во Интер и добива многу поголем договор

Интер не успеа да ја одбрани титулата во италијанското првенство, но и покрај тоа, тренерот Симоне Инѕаги ја има довербата од челниците на клубот. Според најавите од Италија, Инѕаги ќе остане на чело на Интер и во најскоро време ќе добие понуда за ново продолжување на договорот до јуни 2024 година.

Во првата сезона, како предводник на Нераѕурите, Инѕаги се радуваше на трофеите во Купот на Италија и Суперкупот на земјата, но за малку не успеа да стигне до Скудетото откако во последното коло за малку ја загуби трката од градскиот ривал Милан.

Според пишувањата, Инѕаги со новиот договор наместо досегашните 4 милиони евра по сезона, во иднина ќе добива 5,5 милиони евра за верност до јуни 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести