Не го заборавија – Никој не е како Алиоски за навивачите на Лидс (Фото)

Навивачите на Лидс покажаа и вечерва дека не го заборавија својот поранешен играч, Езџан Алиоски и веднаш по страшно атрактивниот гол за Македонија против Исланд му честитаа со објави на социјалните мрежи.

https://twitter.com/annab61324/status/1459934752073523211?s=20

Џани постигна прекрасен гол што засега ни гарантира настап во баражот за пласман на Светското првенство, а јасно е зошто навивачите на Лидс го сакаат. Тој беше еден од најдобрите во составот на Лидс, што лани за првпат по 16 години играше во Премиерлигата, а покрај квалитетот на теренот, ги забавуваше симпатизерите на клубот од Јоркшир и со неговите лудории.

 

- Оглас -

Најнови вести