Не им се пишува добро на македонските репрезентативци во Лигата на Европа

Откако Динамо на Стефан Ристовски и Аријан Адеми беше елиминиран од Севилја, постои опасност и другите двајца македонски репрезентативци да го завршат својот настап во Лигата на Европа за оваа сезона.

Елиф Елмас со Наполи има негатива од 1-3 против Барселона по првото полувреме и на Наполитанците им требаат два гола за продолженија, и тоа под услов веќе да не примат гол.

Во непријатна позиција е и Шериф на Бобан Николов. Молдавскиот тим губи со 0-2 од Брага, а првиот меч заврши со победа на Шериф од 2-0. Николов вечерва е на клупата за резерви и ќе чека шанса да влезе во игра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести