Не Кејн, Мбапе или Халанд, туку триото на Атлетико Мадрид е страв и трепет за дефанзивците

Тројцата напаѓачи на Атлетико Мадрид, Антоан Гриезман, Алваро Мората и Мемфис Депај, се најефикасно трио во европскиот фудбал сезонава, покажа анализата на францускиот „Попфут“.

Тројцата напаѓачи на Јорганџиите се најефикасно напаѓачко трио сезонава со 44 постигнати голови во сите натпреварувања. Мората има постигнато 19 гола, Гриезман 18, а Депај, кој најчесто влегува од клупата, досега има постигнато седум гола.
И напаѓачите на Баерн Минхен исто така имаат постигнато 44 гола, а најголем дел од нив се дело на Хари Кејн.

Кејн досега даде 28 гола, Лерој Сане деветпати ја тресеше мрежата на противничките екипи, а Џамал Мусијала седумпати се запиша во листата на стрелци.

Европскиот вицешампион Интер и лидер во Серија А, Интер, исто така е опасен за противничките екипи со 43 постигнати голови на напаѓачкото трио. Лаутаро Мартинес има дадено 22 гола, Хакан Чалханоглу 11, а Маркус Тирам 10 гола.

ПСЖ го има четвртото најефикасно трио со 42 гола, Мбапе досега даде 29 гола, Рандал Коло Муани осум, а Гонзало Рамос пет гола.

Уште три клуба можат да се пофалат дека нивното напаѓачко трио има постигнато 42 гола, тоа се Ливерпул (Салах 18 гола, Жота 13, Нуњес 11), Реал Мадрид (Белингам 18, Родриго 12, Хоселу 12) и Манчестер сити (Халанд 19, Алварес 13, Фоден 10).

- Оглас -

Најнови вести