Не коси само трева – Одржувач на теренот на Нотингам форест во крвава битка со фудбалер на Дерби

Необичен инцидент се случил непосредно пред почетокот на мечот од Лига купот на Англија меѓу Нотингам форест и Дерби каунти, а биле вклучени неколку фудбалери на гостинскиот тим во тепачка со луѓе задолжени за одржување на теренот на двојниот европски првак.

Инцидентот што е вистински раритет во светот на фудбалот се случил на загревањето, кога дел од гостинските фудбалери предводени од 33-годишниот Киоф се степале со домашниот персонал, па поголем скандал бил избегнат откако реагирало обезбедувањето.

Киоф веднаш заминал во соблекувалната со крвави траги на вратот. Тој не играше на дуелот со Нотингам форест, но беше на клупата за резервни играчи. Нотингам лесно го победи Дерби со 3:0 и мина во следната фаза од англискиот Лига куп.

- Оглас -

Најнови вести