Не лути се човече: Гриезман не се задоволи со еден час игра (фото)

Барселона вчера буквално се прошета до Мајорка и лесно ги освои потребните бодови за шампионскат трка со Реал во Ла Лига по рестартот на сезоната. Убедливите 4-0 беа доволни за Каталонците во добро расположение да го продолжат првенството, меѓутоа не сите играчи еднакво се радуваа на триумфот.

Видно незадоволен беше Антоан Гриезман по измената во 57-та минута. Француската ѕвезда му го отстапи местото на поискусниот Суарес, кој на терените се врати по четири месеци пауза, а штом седна на клупата можеше да се примети колку Гриезман е фрустриран што не одигра доби прилика да остане на теренот до крајот на мечот.

https://twitter.com/Pierrot1970__/status/1271924952313323525

Секако, постои и голема загриженост кај светскиот првак бидејќи продолжува со лошата форма. Гриезман вчера го одигра четвртиот првенствен меч во кој не запиша гол или пак асистенција, постот му трае веќе 349 минути фудбал.

- Оглас -

Најнови вести