Не може да крене глава од повреди: Ансу Фати пак го чека долга пауза

Ансу Фати несомнено е една од најголемите светски ѕвезди во подем.

И покрај тоа што прикажува фантастични игри во дресот на Барселона, тој не може да крене глава од повреди. пред неполн месец се врати по повредата на менискусот поради која што паузираше речиси една година, а сега пак се повреди на вчерашната средба против Селта Виго.

Според најновите информации, тој ќе паузира најмалку еден месец, поради повреда на бутниот мускул. Сепак, добра вест за Барса е тоа што следува репрезентативна пауза која ќе трае 15 дена, па нема да пропушти голем број на средби.

Но, серијата повреди на почетокот на сениорската кариера и дефинитивно ќе го вклучи алармот кај медицинскиот оддел на овој тим, кој има тешка работа изминативе месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести