Не може да се избегне шампионскиот предлог-тикет

6720 Карабах – Ференцварош (18 часот)

Тимот што ќе го загуби овој двомеч веројатно ќе се сретне со Шкупи во плејоф-квалификациите од Лигата на Европа, секако доколку македонскиот првак го елиминира Шемрок роверс.

Карабах е благ фаворит според квотите во Sport Life, а вечерва за првпат ќе ги одмери силите против унгарскиот гигант. Двете екипи не можат да се пофалат со добра форма – Карабах славеше во два од последните пет меча, Ференцварош бележи еден триумф повеќе вклучувајќи ги и минимални 1-0 против Пушкаш академија од домашното првенство.

Бидејќи влогот е голем, се очекува дуел со многу тактички надмудрувања, а тоа навестува мал број погодоци.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.04)

 

6721 Бодо/Глимт – Жалгирис (18 часот)

Бодо треба да ја оправда фаворитската улога, особено што е во топ-форма и во третото коло се пласира по триумфот со огромни 8-0 над Линфилд во реваншот.

Норвешкиот првак памети две победи во вкупно три средби против Жалгирис, сите во рамки од квалификациите на натпреварувањата на УЕФА. Двете победи се на домашен терен со 3-1 и 1-0, во Вилнус ремизираа при 2-2.

Формата на Бодо гарантира дека дуелот ќе биде украсен со повеќе голови.

Предлог тип: 1 & 1+I 1+II (2.05)

 

6722 Макаби Хаифа – Аполон (19 часот)

Макаби веќе приреди изненадување со елиминацијата на Олимпијакос, па сега доби полесна задача за да избори плејоф во квалификациите од ЛШ. Токму триумфот од 4-0 над грчкиот гигант е единствениот позитивен резултат на тимот од Хаифа во последните пет меча, а ниту Аполон не може да се пофали со добра форма.

Кипарците загубија во три од четири контролки и забележаа едно реми, што значи дека подготовките за вечерашниот меч не се одвиваа според плановите. Тоа Макаби треба да го искористи и да направи исчекор до следната фаза.

Предлог тип: 1 & 1+I (2.10)

 

6723 Динамо Киев – Штурм Грац (20 часот)

Динамо ќе биде домаќин во полскиот град Лоѓ, каде што се очекува Украинците да го надиграат тимот на Штурм откако веќе го елиминираа Фенербахче.

Штурм изгради добра форма со обврските во австриското првенство, односно во сите натпреварувања бележи учинок од четири победи и реми. Тоа е знак дека гостите ќе бидат тврд орев за Динамо, но сепак квалитетот на гигантот од Киев треба да биде доволен за добивање на овој двомеч.

Предлог тип: Т1 2+ (2.24)

 

6724 Црвена ѕвезда – Пјуник (20:45 часот)

Српскиот првак е огромен фаворит во овој двомеч и се очекува Ѕвезда на Дејан Станковиќ уште вечерва да ја заврши работата околу пласманот во плејофот.

Црвено-белите тргнаа со четири победи во низа во српската Суперлига, со учинок од 17-1 во голови, а од таа форма и квалитет ќе настрадаат гостите од Ереван.

Целта на Ѕвезда е да врзе четврта сезона во низа со настап во групната фаза од европските натпреварувања.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.15)

- Оглас -

Најнови вести