Не може да се изначудат што погоди Дончиќ: Ѓоковиќ, Леброн, Кари, Џинобили, Пирс, Вејд и многу други со реакции по тројката на Лука

Покрај победата на Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампионите, светскиот спорт синоќа го одбележа и маестралниот Лука Дончиќ. Младиот Словенец повторно блесна во дресот на Далас и донесе победа за израмнување на 2:2 во победи против Лос Анџелес клиперс во НБА-плејофот.

Дончиќ даде тројка за победа од речиси 10 метри, и тоа во напад кој требаше да се организира само за 3,7 секунди до крајот на мечот. 

Феноменалната игра на Дончиќ и тројката за победа беа повод за реакција од голем број НБА-кошаркари, но и за реакција на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.

Освен Ноле, реагираа и НБА-ѕвезди, како Леброн Џејмс, Стеф Кари, Ману Џинобили, Двејн Вејд… Најголемиот дел од нив пишуваа дека Лука е неверојатен и не им се верува што прави овој млад кошаркар во НБА.

 

- Оглас -

Најнови вести