Не може Столе секогаш да спасува, Рајо преку 420 минути нема дадено гол и затоа губи

Екипата на Рајо Ваљекано загуби на свој терен со 0:1 од Валенсија во меч од 18 коло во Примера дивисион. Со овој пораз продолжи негативната серија на Рајо, тимот за кој брани Столе Димитриевски. Клубот од предградието на Мадрид веќе осум кола е без победа, но тоа што повеќе загрижува е неефикасноста.

Во последните четири меча, фудбалерите на Рајо немаат постигнато ниту еден гол. Последен пат се израдуваа на дуелот против Барселона кога одиграа 1:1, а погодија во првото полувреме. Тоа значи дека повеќе од 420 минути Рајо Ваљекано нема постигнато погодок во првенството.

Токму поради оваа лоша низа, Рајо сега падна на 11 место на табелата со 20 бода од 18 средби и само 16 постигнати погодоци.

- Оглас -

Најнови вести